– Протоколите се почитуваат максимално од страна на учениците, студентите и персоналот. Засега немаме трансмисија на вирусот во домовите. Се надеваме дека со одговорно однесување заеднички на сите, домовите и интернатите ќе останат безбедни, рекоа директорите на состанокот.
Царовска им посака успешна работа и апелираше на доследно почитување на мерките за заштита како и честа дезинфекција и одржување на хигиената во објектите.
– Од сите нас зависи заштитата на јавното здравје. Штитејќи се себе си ги штитиме и нашите најблиски и сите останати. Затоа апелирам на максимално почитување на протоколите во ученичките и студентските домови, истакна таа.
МОН ги објави списоците со примени студенти од втора и повисоките години на студии во студентските домови, а вчера започна и аплицирањето за бруцошите што ќе трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1294 места во студентските домови
– Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од десет дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември 2021 година, се вели во соопштението.