Таа рече дека тоа се уставно загарантирани права.

Министерката посочи дека во МОН имале средба со претставници на Иницијативата, дека ги слушнале нивните барања кои се однесуваат на тоа да се тргне родовата еднаквост, да има печатени учебници наместо само дигитални, но објасни дека реформите мора да продолжат за да се обезбедат подобри услови за учење, со кои учениците ќе се стекнат со вештини и знаења потребни низ животот.

 

Изјава Царовска Богдановиќ

Posted by MИА.mk on Wednesday, May 12, 2021

– Во нашите учебници имаме толку застарени информации, што само пречат во понатамошниот развој. Реформата не е избрзана, туку задоцнета. Меѓународните истражувања бараат поврзување на знаењата. Токму затоа реформата ќе продолжи да се спроведува, затоа што со години тоа се занемарува, додаде Царовска.