Трговските центри „Галерија“ и „Рајичева“ денеска се евакуирани поради дојава за бомба, соопштило српското МВР за „Танјуг“.
Трговскиот центар „Галерија“ бил евакуиран околу 14 часот, а потоа започнала евакуацијата на посетителите од ТЦ Рајичева.
Екипите за контрадиверзија се на терен и ги пребаруваат објектите.
Како што пренесуваат српските медиуми, наредбата за итна евакуација доаѓа по дојавата за бомба.