На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и Крушево -9, во Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4.

Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со слаб ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје сончево и студено. Максималната температура ќе достигне 4 степени.