Цената на гасот во Европа се намали на околу 980 долари за 1 000 кубни метри на почетокот на денешното тргување на лондонската берза ИЦЕ.

Фјучерсите на гасот за испорака во ноември паднаа при тргувањето утрово во холандскиот гасен центар ТТФ на 983,5 долари за 1 000 кубни метри, или 82 евра за мегавати, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот (цените на берзата ИЦЕ се изразени во евра по MWh).

Вкупниот пад на цената во споредба со претходниот трговски ден изнесува околу 10 проценти, пренесува ТАСС.

Цената на гасот на ТТФ на 6 октомври достигна рекорд на сите времиња од над 1 900 долари за 1 000 кубни метри.

Екстремната нестабилност на цените на европскиот пазар на гас е главно поврзана со фактот дека складиштата за гас не се полни пред претстојната зимска грејна сезона, пренесува руската новинска агенција.