Цените на нафтата на берзите порасна по вчерашниот пад. Утрово барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 0,37 %, на 72,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,32%, на 67,90 долари.
На берзите има поместување и во однос на цената на акциите и вредноста на валутите.
На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката со валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите 6 најважни светски валути, утринава се движи околу 102,55 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,77 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 143,45 на 143,80 јени. Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0950 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0905 долари.
На Волстрит како и на берзите во Јапонија и во Австралија вчера пораснаа цените на акциите, додека на останатите пазари се тргува внимателно бидејќи нема вести кои би можеле да ги охрабрат инвеститорите. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше околу 7 часа речиси непроменет во однос на вчерашниот ден. Во исто време, јапонскиот индекс Никеи скокна за 1,6%, а цените на акциите во Австралија исто така силно пораснаа, околу 1 отсто. Во Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја тие паднаа меѓу 0,2 и 0,6%.