Пред почетокот на грејната сезона цената на огревното дрво во Македонија полека се приближува до лансккте максумални цени од по 100 евра за еден кубик. Обично цената на дрвото во септември го достигнува максимумот.

Денеска еден кубик дрва во Скопје може да се набави по цена од 4.500 до 5.400 денари за кубен метар. По складиштата за огревно дрво има доволни количини, но никој не ја гарантира цената. Има и интерес за купувaње и дрва по складиштата има.

Во складиштата на ЈП Национални шуми годинава кубен метар даб и багрем се продава по цена од 3.564 денари, буката по 3.444 денари, а јавор, јасен и брест по 3.243 денари. Но таму списоците за купување на огредно дрво се затворени уште на почетокот на годината.

Годинава ЈП Национални шуми треба да исече вкупно 556.808 кубни метри огревно дрво и отпад собрани по сечата.

Лани во ноември Владата ја ограничи цената до 6.429 денари за метар кубен. Највисоката цена на пелетите за огрев беше утврдена до 27 денари за еден килограм. Во цената беше вклучен ДДВ и транспортот. Мерката траеше до 31 декември 2022 година.

Цените на пелетите се движат од 275 денари до 432 денари за вреќа од 15 килограми.