Цената на скорешните декемвриски договорни испораки на гасот според индексот на холандскиот TTF, кој е најликвидниот европски хаб, на отворањето на тргувањето во вторникот на платформата ICE Futures изнесуваше речиси 1.000 американски долари. Минимумот во дневното тргување изнесуваше 965 долари, но генерално во текот на денот цените растеа а до затворањето на тргувањето цената се искачи на 1/.067,4 долари за илајда кубни метри, што е за 8,7 отсто повисока од пресметаната за претходниот трговски ден кога изнесуваше 980 долари.
Европскиот пазар на природниот гас последните месеци беше силно потресуван со постојаниот раст на цените. Ако на почетокот од август со фјучерсите се тргуваше по околу 515 американски долари за илјада кубни метри, што исто така беше високо ниво, до крајот на септември цената се зголеми за двојно, а на 6-ти октомври беше достигнат историскиот максимум од 1.937 долари. Потоа следеше пад, но цените сепак останаа над илјада долари.
Според експертите, европскиот пазар на природен гас во првата половина од годината се соочи со одлив на течен природен гас (LNG) на азиско-пацифичкиот и јужноамериканскиот пазар, чиј удел во увозот падна од 41,5 на 31 отсто. Кличински испораките на LNG во Европа во истиот период паднаа за 10,74 милијарди кубни метри или за 15,9 отсто.
Истовремено, ваквата ситуација се должи и на испразнетите европски капацитети за складирање по минатогодишната голема потрошувачка поради студената зима. Од Москва повеќепати со податоци посочија дека „Газпром“ ги исполнува сите обврски во снабдувањето со гас и оти компанијата и покрај тоа што речиси го достигнала рекордните количества на испораките, не може да го впумпа енергенсот во гасоводите пред тој да биде продаден, како и дека за испораките е потребен извесен период.