Цените на горивата за една година пораснале за 70%, платите не пораснаа воопшто, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во април 2020 година дизелот се продавал по цена од 46 денари, април 2021 година цената била 56 денари, а денес истиот се продава по цена од 75 денари, покачување од 63%.
Драстичен раст има и кај цената не бензинот. Тој во април 2020 година се продавал по цена од 50 денари, април 2021 по цена од 69 денари, а денес по цена од 84.5 денари, што е покачување од скоро 70%.
Горивата се клучна алка во голем број индустрии, цената на сите производи во голема мера зависи од нивната цена.
Погодени се граѓаните, транспортерите, рударството, градежништвото, буквално сите дејности.
Со СДСМ и ДУИ има сиромаштија. Со СДСМ и ДУИ нема да има решение на кризата.