Низ конструктивна дебата со чинителите и засегнатите страни во винскиот туризам, заеднички ги констатиравме недостатоците и поразговаравме за начините на кои ќе ги надминеме истите, велат од централната комисја за туризам на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во претстојниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на средби со граѓаните, сѐ со цел нивните потреби и идеи да бидат вградени во предизборната програма, а веднаш по формирањето на новата влада да пристапи кон реализација на проекти кои Македонија ќе ја етаблираат на врвот на светската туристичка мапа, истакнаа од комисијата.