Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и минатата година достигнаат максимум во последните 31 година. Во текот на изминатата деценија банките ги зголемиле резервите на злато за над 4.500 тони, според Светскиот совет за злато, односно интернационалната истражувачка организација за индустријата за злато. Од септември минатата година резервите изнесуваат вкупно 36.000 тони, што е најголема количина од 1990 година досега и раст од 15% во споредба со пред десетина години.

Вредноста на доларот наспрема златото нагло се намали изминатата деценија како последица на тоа што монетарното олабавување поттикнуваше на купување американски долари. Иако американските Федерални резерви почнуваат да ја заоструваат политиката за давање кредити, другите централни банки продолжуваат да купуваат злато, што е одраз на глобалната загриженост за монетарниот режим базиран на доларот.

Златото не е директно поврзано со ниедна национална економија и може да биде незасегнато од несигурноста на финансиските пазари. Земјите во развој продолжуваат да купуваат злато. Во првите девет месеци од 2021 година Тајланд купил 90 тони злато, Индија купила 70 тони, а Бразил купил 60 тони.

Во минатото купувањето злато главно се врзуваше со централните банки на Русија и некои други земји кои сакаа да ја намалат зависноста од доларот поради несогласувања со САД.