– Очекуваме да добиеме заеднички пазар на труд, граници за преминување што работат 24 часа, усогласени сертификати, фитосанитарни потврди, да немаме проблем што го чинат стопанството многу пари, истакна Чадеш.

Тој потсети дека и претходно се потпишани некои документи, како што е меморандуми за соработка, но сега „тоа се готови договори со кои се овозможува заеднички пазар на труд на почетокот на следната година“.

Чадеж оцени дека средбата на лидерите на трите земји во Тирана ја покажува и нивната искрена желба за создавање заеднички пазар и претставува покана за приклучување до соседите.

Според него, регионалните економии кои не се дел од иницијативата, психолошки се всушност дел од неа.

– Можете да видите конкретни работи, како на пример камион кој пристигнува побрзо од пред еден месец. Ако најдете работа во Скопје, Валона или Белград, не ви требаат три месецÐ ¸ за бирократија туку ќе се вработите во еден ден, посочи Чадеш.

Тој наведе дека според прашалникот што го испраќаат, повеќе од 50 отсто од компаниите изјавиле дека имаат проблем со квалификувана работна сила.