Во општина Чаир вечерва владее славеничка атмосфера откако неофицијалните резултати покажуваат дека кандидатот на коалицијата Вреди, Изет Меџити, е во убедливо водство пред противкандидатот од ДУИ, Бујар Османи.
Според извори блиски до коалицијата Вреди, Меџити е на пат да ја обезбеди победата уште во првиот изборен круг. „Резултатите од гласачките места укажуваат на значајна предност за нашиот кандидат, што ја потврдува јасната волја на граѓаните за промени во Чаир“, велат неофицијално од Вреди.
Освен во Чаир, коалицијата Вреди извесна победа ќе има и во Теарце, но и во Тетово.