Иако актуелниот договор на Ентони Марсијал со Манчестер јунајтед има важност до 2024 година, а во истиот има опција и за дополнителни 12 месеци, сепак 25 годишниот Французин уште во јануарскиот преоден рок би можел да си замине од „Олд Трафорд“.
За услугите на крилниот напаѓач постои сериозен интерес од Барселона, за што според известувањата на „Мундо Депортиво“ се верува дека новиот тренер Чави лично дал сугестии до раководството на клубот посебно да се ангажира за потписот на Французинот.
Просторот за Марсијал во Манчестер јунајтед особено се стесни сезонава со доаѓањето на Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо во тимот, а некогаш најскапоплатениот тинејџер се наведува како одличен потенцијален партнер на Мемфис Депај во тимот на Каталонците.