Барселона победи со 1-0 во рамки на 13 коло во Ла Лига и со ефект од пет победи, пет нерешени и три порази сега е шестопласирана на табелата.

– Беше важно да победиме и сосема заслужено ги освоиме трите бодови. Но, имаше многу работи, кои мораме да го поправиме во иднина. Пред нас е голема и тешка работа, изјави 41-годишниот Чави, кој го носеше дресот на Барселона од 1998 до 2015 година. Прекрасно беше повторно да се излезе на „Камп Ноу“. Се вратив тука по шест години и атмосферата беше прекрасна. Можеби малку поинаква од времето кога играв, но, сепак, беше повторно фантастична, порача Чави.