Турција се огласи за мировните преговори што денеска се одржаа меѓу Украина и Русија во Истанбул.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека првата средба лице в лице меѓу двете страни по повеќе од две недели доведе до најзначајниот напредок од почетокот на преговорите.

Чавушоглу рече дека Турција го поздравува компромисот и заедничкото разбирање на двете земји за одредени прашања, повторувајќи дека војната мора да заврши што е можно поскоро.

Тој рече дека се очекува во иднина да се разговара за потешки прашања меѓу министрите за надворешни работи на Украина и Русија.