Лошото е што немаме никаква информација за проектот Чебрен, не само јас, туку и воопшто незнам дали некој има информација . Можеби беше само новинарска вест, досега никој не го видел Договорот . Јас колку што успеав да добијам информација е дека на Влада поминала информацијата за избор на најповолен партнер, се уште не сум видел Договор за да видиме кои се условите која е обврската на тој партнер, изјави Мицкоски во гостувањето во Радио Лидер.
Јас Чебрен го гледам како стратешки, не сите проекти треба да имаат економска исплатливост и да, го ценам Чебрен како проект што треба да го гради државата , затоа што на Македонија и е потребен уште еден голем резервоар за вода , а Чебрен е токму тоа, голем резервоар за вода и не така далеку од денес водата ќе биде исклучителчно значајна, не само за наводнување, туку и за конзумирање и затоа ценам дека еден таков голем резервоар како Чебрен треба да биде управуван од државата како стратешки објект. Во минатото Бошков мост не се изгради поради еколошки проблеми , иако беше обезбедено токму кога бев јас директор, изјави Мицкоски.