Планот за закрепнување и развој како инструмент не може да се поврзува со ниту едно билатерално прашање меѓу поединечни земји, изјави за БНР Весела Чернева, шефица на канцеларијата на невладиниот Европски совет за надворешни односи.
Сепак, како што јави дописникот на МИА од Софија, политички, според Чернева, тоа веројатно може да се поврзе. Таа додаде дека факт е дека Бугарија во моментов е во многу осамена ситуација во ЕУ и поради нејзината позиција за Македонија не добива симпатии за ниту едно прашање што би било важно за бугарските граѓани.
Според Весела Чернева, сегашниот однос кон Бугарија е „љубезно внимание, исчекување“ со оглед на изразената „желба за конструктивизам“ за време на преговорите меѓу коалициските партнери за формирање на идната бугарска влада.