Тензиите во односите на Бугарија е Македонија се во интерес на руските цели, оценува Весела Чернева која беше советничка за надворешна политика на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков.
Во интервју за БТВ таа вели дека ваквите тензии во билатералните односи не само што го прават невозможно внесувањето на Бугарите во уставот, туку се во интерес на руските цели.
– ЕУ ќе ги регулира односите меѓу Бугарија и Северна Македонија кога ќе започнат преговорите за членство. Северна Македонија уште не почнала да преговара бидејќи има услов Бугарите да бидат внесени во уставот. Оваа промена уште не се случила, а за то треба да има 2/3 од гласовите во македонскиот Парламент, објаснува Чернева.
Според неа, имињата на бугарските клубови во РСМ се избрана така за да ја провоцираат другата страна.
– Кога отворате еден клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа за да ја навредува другата страна, изјави Чернева.
Според неа, на пример името Цар Борис Трети ги потсетува Македонците на Втората светска војна кога таму имало окупациски војски од Бугарија.
– На историски план секој е на нешто чувствителен. Тука прашањето е што прави дипломатијата бидејќи тоа е нејзина задача да создава мостови и да решава проблеми пред да станат реални, додава Чернева за БТВ.