Идната влада на Чешка нема да го усвои еврото, објави националната новинска агенција ЦТК.
Во информацијата се наведува дека тоа е ставот на коалицијата на десничарскиот центар Заедно. Оваа кослиција има мнозинство во новата влада, чие формирање е во тек, пренесува Танјуг.
Еврозоната – со заедничка валута, во моментов се состои од 19 од 27-те земји на Европската унија.