Овој дневен скок претставува раст од 54 отсто во однос на показателот пред една семица и го надминува претходниот рекорд од јануари годинава од 17,778 коронаинфекции во еден ден.

Владата во преодниот период кога треба да биде именувана новата се воздржа од заострување на мерките против ширењето на коронавирусот, но сѐ полошата ситуација во болниците ја натера за воведување рестрикции за невакцинираните. За различните опции владата треба да разговара на седницата во четврток.

Во чешките болници во вторникот имало 4.425 пациенти, што сепак е помалку од половина во однос на рекордните бројки во март, а 661 пациент е на одделиза за интензивна нега. Чешка од почетокот на пандемијата заблежала речиси две милиона заразени и над 31.000 починати.

Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ECDC) минатата недела предупреди дека Чешка се наоѓа меѓу десеттте европски земји во коишто ситуацијата е многу загрижувачка. Во Чешка целосно се вакцинирани 57,6 отсто од полулацијата, што е помалку од просекот во ЕУ од 64,9 отсто, според податоцвите на ЕCDC.