Женската сениорска репрезентација на Македонија продолжува со натпреварите од ноемврискиот циклус на претквалификациите за Евробаскетот 2029. По гостувањето во Букурешт и дуелот со Романија, следниот предизвик за избраничките на Виктор Петровски е средбата со селекцијата на Естонија.
Натпреварот Македонија – Естонија е закажан за 14 ноември, во сабота, со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар „Џексон“ во Штип.
За Ана Милованова, претстојниот натпревар ќе има и посебно значење. Таа во Букурешт за првпат го облече сениорскиот дрес на Македонија, а дебито го доживува како голема чест и задоволство.
„Прво, благодарност до селекторот што ми даде шанса за првпат да го облечам сениорскиот дрес на Македонија. Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој млад тим. Натпреварот во Букурешт за нас беше еден добар старт и верувам дека од тука, со нашите најголеми адути – желбата, борбеноста и сплотеноста – ќе одиме само напред и кон подобро“, рече Милованова.
„Токму тоа верувам дека ќе го покажеме и на следниот натпревар во Штип против Естонија. Со тоа сакам да ги поканам сите љубители на кошарката да дојдат и да нè поддржат во сабота навечер“, вели Милованова.
