Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, им честиташе на претставниците на Студентската листа за победата на предвремените парламентарни избори во Србија. Тој им посака успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.

Во објава на социјалната мрежа „Х“, Муцунски им честиташе и на граѓаните на Србија за, како што наведе, успешно спроведените парламентарни избори.

Тој истакна дека Македонија останува посветена на натамошното продлабочување на пријателството и добрососедските односи со Србија.

Според Муцунски, унапредувањето на односите е во интерес на заедничката иднина и просперитетот на целиот регион.