– Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на С. Македонија. Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.
Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други, Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата.
Да живее Република С. Македонија, пишува во честитката на Заев.
Честитка од Заев за Денот на независноста
Ч
Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста.