-Денот кој денес се одбележува потсетува на важноста на негувањето на различностите и неопходноста од сочувување на јазичниот идентитет, како основа на идентитетот на еден човек, заедница или народ. Турците во Македонија, се истовремено главниот мост на пријателство на Турција и Македонија и македонскиот и турскиот народ, пријателство базирано на взаемна почит и разбирање. Нашата заедничка обврска е да го да овозможиме подобро утре на сите кои живеат во Македонија, вклучително и Турците. Нашата обврска како генерација е да изградиме подобри врски, подобар живот и подобра иднина, стои во честитката на Мицкоски.
Тој додава дека заедно да се бориме против сиромаштијата, заедно да се бориме против корупцијата, заедно да сме сплотени во секоја криза, затоа што тие се јаремот на нашиот човек во Македонија, кој не дозволува напредок и успех.
-Предизвиците пред кои сме исправени во новото време мораме заедно да ги надминуваме, затоа што тоа и го должиме на нашата заедничка татковина Македонија, стои во неговата честитка.