Коалицијата Вреди до граѓаните од православна вероисповед упати честитка по повод христијанскиот празник Божиќ. – Нека овој светол и благословен празник донесе топлина во срцата, мир во домовите и надеж за секој нов ден. Божиќ нè потсетува дека љубовта, почитта и човечноста секогаш треба да стојат на прво место. Во овие празнични денови да се потсетиме дека јазиците што ги зборуваме македонскиот, албанскиот и сите други не се ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат. Среќен Божиќ! Нека донесе здравје, благосостојба и благодат за секој дом, се наведува во честитката