ЦУК известува дека четири активни пожари се на повеќе локации, а три се ставени под контрола.
Четири активни пожари денеска го зафатиле теренот на повеќе локации во државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
До 18:30 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, три се под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.
Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума. Активни се и пожарите во Октишка краст во општина Струга, во село Опае во Липково и во село Вирче во Делчево, каде гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во село Радуша кон село Дворце во Сарај, во општина Арачиново, како и во село Мало Илино во Демир Хисар, каде гори дабова шума.