Во соопштението од МВР се вели;

– На 23 јуни 2021, полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода А. Б. (42), Г. Б. (41), В. Б. (30) и Ј. Б. (26), сите од село Стајковци, Скопско, кои на 20 јуни 2021 физички нападнале вработен на бензинска станица во скопската населба Ченто

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.