Министерството за образование на Србија излезе со соопштение во врска со наставата во ОУ „Владислав Рибникар“, каде малолетниот Коста К. направи масакр. Меѓу другото соопшти дека децата кои не се подготвени за тоа не мора да посетуваат настава.

Министерството за образование, врз основа на одлука на педагошкиот колегиум на училиштето и во договор со Советот на родители на основното училиште „Владислав Рибникар“ и Работната група за подобрување на менталното здравје и безбедноста на младите, даде препорака за организација на воспитно-образовна работа и воннаставни активности до крајот на учебната година.

2. Часовите, како и другите облици на поддршка на процесот на учење, се одржуваат исклучиво за деца чии родители изразиле желба за тоа.

3. Секој родител има можност, во секое време, да ја промени одлуката според моменталните чувства на своето дете.

4. Министерството за образование подготвува предлог за посебен модел на запишување во средно училиште за учениците од 8-мо одделение од ОУ „Владислав Рибникар“, кој најпрво треба да им биде претставен на родителите.