Од МВР соопштија дека со тоа се расчистени 16 кривични дела, а се работи на документирање на уште 17 кривични дела, за кои исто така ќе има соодветни поднесоци, односно вкупно 33 кривични дела.
-Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, меѓу кои електро мотори, кабли и метални делови, кои се во сопственост на Железници и Македонски телеком. Со лицата е извршен службен разговор, при што тие го појасниле начинот на извршување на делата, посочувајќи ги деталите и точните локации (ул.„Бојмија“, ул.„Владимир Комаров“, бул. „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“), на кои во период од 12.05. до 01.07.2021 ги направиле делата, оштетувајќи ја инсталацијата на Македонски телеком, преку оштетување н а шахтите и сечење и крадење на бакарни кабли, притоа предизвикувајќи прекин на интернет, ТВ и телекомуникации – се појаснува во соопштението од МВР.
Од страна на Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево против лицата ќе следуваат соодветни кривични пријави.