– Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Свети Николе, 47 годишниот Н.С од село Лозово пријавил дека на 15 септември во периодот од 21.40 до 22.30 часот во неговата куќа во село Лозово, физички била нападната неговата малолетна ќерка од Д.Д и С.Р и две малолетнички, сите од село Црнилиште, светиниколско, се вели во соопштението од СВР-Штип.
За настанот бил информиран и Јавен обвинител, по чии насоки времено е одземен мобилен телефон од една малолетничка во кој се пронајдени снимки од кривично правниот настан. Надлежните од СВР-Штип посочуваат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.