Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА информира дека повредените се хоспитализирани во болницата, од кои двајца се со тешки телесни повреди, а двајца од повредените се пуштени на домашно лекување.

– Двајцата тешко повредени пациенти се уште се на снимање и иследување. Прегледани се од ортопед и хирург. Состојбата на пациентите се следи, вели Шуманска.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека до несреќата дошло при судир на две патнички моторни возила, но како се случила повеќе информации во текот на денот. Во тек е увид на местотото на несреќата од страна на истражните органи.