Четворица приведени по крвава престрелка во Тетово

Тетовската полиција соопшти дека по вооружената престрелка што се случи во неделата, вчера се приведени четири лица – две малолетни и две полнолетни женски лица на возраст од 19 и 41 година. Приведувањата се извршени во рамки на истрагата за настанот, при што се спроведени и претреси на неколку локации.

Претреси и пронајдени предмети од интерес за истрагата

Според СВР Тетово, на 11 август 2025 година, во периодот од 12:50 до 15:00 часот, во селото Гајре бил извршен претрес на повеќе објекти по судска наредба. При претресите биле пронајдени предмети од интерес за истрагата, а на лице место биле лишени од слобода А.М. (41), Е.М. (19) и двајца малолетници на 15 и 17 години, сите од истото село. Полицијата продолжува со активности за целосно расчистување на случајот и идентификација на останатите инволвирани лица.

(ВИДЕО) УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Со автомат изрешетан Голф

Еден загинат, четворица повредени во престрелката

Во престрелката помеѓу две групи во тетовската населба Блок 82, животот го загуби едно лице. Повредени се двајца мажи на возраст од 32 и 37 години со прострелни рани во пределот на градниот кош, 12-годишно девојче рането во натколеницата, како и случаен минувач кој бил удрен од возило и со тоа му била скршена ногата.