Министерството за труд и социјална политика потсетува дека четврток, 8 декември е празник и е неработен гден за сите граѓани. Во соопштението се потсетува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), Свети Климент Охридски е државен празник и е неработен ден за сите граѓани.
Климент Охридски е еден од првите словенски просветители, научник и писател.Тој бил основач на Охридската книжевна школа попозната како „Прв словенски универзитет”, од кој излегле 3.500 подготвени ученици. Повеќето словенски народи го сметаат за покровител на образованието и јазикот. Се смета дека бил прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Денес Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, на градот Охрид и на Македонската православна црква.