Албанија доби реконструирана влада откако премиерот Еди Рама доцна синоќа разреши седум министри. Меѓу нив е и заменик-министерката за инфраструктура Белинда Балука, која е под истрага за корупција.
Покрај Балука, разрешени се и министерката за надворешни работи Елиса Спиропали, министерот за одбрана Пиро Венгу, министерот за правда Бесфорт Ламалари, министерот за економија Ервин Мете, министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро и министерката за здравство Албана Толе. Ламалари ќе продолжи да работи во Министерството за внатрешни работи.
Во новиот владин состав, Албана Кочи ќе биде вицепремиер, Тони Гогу е назначен за министер за правда, Енеа Каракачи за министер за инфраструктура и енергетика, Ферит Хоџа за министер за надворешни работи, Бленди Гонџе за министер за економија, Анила Денај за министер за туризам и животна средина, а Огерта Манастирлиу за министерка за здравство.
Реконструкцијата доаѓа во време на засилен притисок од Специјалното обвинителство СПАК, кое води истраги за корупција во владините редови, како и по континуирани протести на опозицијата предводена од Демократската партија.
Рама најави дека новиот кабинет треба да биде поефикасен во борбата против корупцијата и во забрзувањето на евроинтеграцијата на Албанија.
