Денеска, на избирачко место во Основното училиште „Имри Елези“ во Чаир, еден член на избирачкиот одбор беше уапсен, извести телевизијата „Алсат“.

Според информации од теренот, апсењето се случило за време на пауза, во моментот кога лицето излегло надвор да испуши цигара.

Претседателот на избирачкиот одбор на ова избирачко место изјавил дека сѐ уште нема официјални информации за причините за апсењето, додека изборниот процес продолжил нормално, објави телевизијата.