Членовите на Судски совет немаат намера да си поднесат оставка. Како што пренесува ТВ Алфа, дел од нив за телевизијата велат дека интерпелацијата е надвор од паметот и спротивна на законите и Уставот.

Морате ли да газите по живи луѓе за да освоите политички поени. Ги праша Весна Дамева пратениците на расправата во Собранието, а денеска останува на истиот став.

Останувам на ставот којшто вчера го образложив во Собранието. Оставката е личен чин, а во однос на оставка, мојот став го изразив пред пратениците, вели Весна Дамева, член на Судски совет.

Селим Адеми, кој пред да влезе во Судскиот совет бил партиски функционер во ДУИ, вели дека чека на писмено образложение од Собранието кои членови и закони ги прекршил и несоодветно си ја обавувал функцијата.

Чекам пратениците на писмено да ми дадат образложување што е тоа што сум го направил незаконски и каде сум сторил повреди на законот. Се додека не добијам од нив одговор, нема да го коментирам прашањето  за мојата оставка, вели Селим Адеми, член на Судскиот совет.

Адвокатката Тања Чачаровска Илиевска, сегашѓна членка на Судскиот совет која се споменува како поранешен донатор на СДСМ, останува на ставот дека интерпелацијата е незаконска и неуставна.

30 години работам според Закон и Устав, Надвое од паметот е ова што се случва. Тоа што се  бара политичка одоворност преку интерпелација се коси со законот, Уставот и сите меѓународни договори коишто Макеоднија ги има ратификувано, вели Тања Чачаровска Илиевска, член на Судски совет.

И Миљазим Мустафа, едниот од петте членови за кои се изгласа интерпелација, ги отфрла обвинувањата за падот на довербата на граѓаните во судството. Тој бил советник во Министерството за правда во владата на СДСМ и ДУИ, а во советот е по предлог на Стево Пендаровски.

Обвинувањата што ми се припишуваат, кои ме претставуваат како негативен фактор за падот на довербата на граѓаните во судството, се неосновани и не ја отсликуваат реалноста на моите напори за подобрување на состојбата во судството, вели Миљазим Мустава, член на Судски совет.

Само Павлина Црвенковска, поранешната стручна соработничка од скопска Апелација, која е во Советот по предлог и избор на пратениците на СДСМ, не се одважила на телефонски повици на Телевизијата. Таа пред да влезе во советот работела како советник во Владата на екс премиерот Зоран Заев.