Треба конечно да се почне со имиња и презимиња за скандали како овој со Онкологија, или еве барем оттука нека почне, не може сите да бидат виновни, има конкретни имиња, рече доктор Лилија Дервишова Чолакова конетирајќи го последниот случај со скандалот на Онкологија на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
Според неа има институции кои треба да си ја вршат својата работа.
„Ние имаме институции кои треба да се грижат за вакви случаи како Онкологија, да ги истражат и да доведат до завршница. Ние во здравството сега воопшто немаме стратегија, никој не се грижи за парите на народот, мора да се сфати дека се работи за народот, а ова на Онкологија е под секој морал. Пациенти одат на Онкологија да го најдат и очекуваат да го најдат спасот, а некој го препродава или не знам што прави со лекот“, рече Дервишова Чолакова.
Докторката укажа дека ова сега со Онкологија треба да има завршница и да е пример за другите институции, бидејќи има слични приказни и на други клиники.
„Од јавното здравство сите си одат никој не се грижи, има апартура во здравствени институции и не се употребува. Дополнително освен последниот скандал што се појави во јавноста ние мора да знаеме дека на сите нивоа има лица кои не се соодветни за местата на кои се поставени. И за сето тоа само збориме, ама никој не почнува да работи на тоа и да најде решение“, кажа Дервишова Чолакова.
Докторката заклучи дека во здравството, но и во друугите институции во државата да си ја одработат својата плата, „нема поголемо богатство од тоа да спасите човечки живот, за тоа е заслужно здравството, медицината а оваа област се распаѓа сега“.