Човечки остатоци вчера биле пронајдени кај местото наречено Бел Коњ кај Мавровското Езеро во населбата Маврови Анови, Гостиварско.

Според информациите од СВР Тетово, пронајдени се остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење.

Увид бил извршен во координација со јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.