Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија во текот на вчерашниот ден се оствари средба на претседателите на Стопанска комора на Македониja Бранко Азески, Стопанска комора на Северо-западна Македонија Нухи Алиу и домаќинот преседателот на ССКМ Горан Ѓорѓиевски.
-Во пријатна атмосфера и честитките за новата функција на Ѓорѓиевски претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија од страна на претседателите на другите две комори се отворија повеќе теми значајни за македонскиот бизнис сектор и можностите за подобро позиционирање и конкурентност во регионот и Европа. Во непредвидливата состојба на економско поле во рамките на европскиот пазар предизвикана од војната во Украина и енергетската нестабилност како ресурс престојат големи предизвици за малите економии како македонската и големата изложеност на европскиот пазар кој во одредени економски гранки бележи стагнација, велат од ССК.
Предизвиците кои се повеќе се исправени пред македонскиот бизнис сектор се човечките ресурси, сивата економија и потребата од подобрувања за законската легислатива кои би стимулирале раст на домашното производство и македонските компании се дел од барањата на бизнис секторот на кои сите трите комори во периодот ќе работат на заеднички предлози кои ќе бидат преставени пред македонската влада.
