Фудбалскиот клуб Реал Мадрид во моментов се наоѓа во сенка на резултатите што ги постигнува Барселона во Каталонија, додека мадридскиот состав минува низ кризен период од кој не се излегува лесно. Како шок-терапија на тренерската позиција е доведен Жозе Мурињо, со цел да направи брза стабилизација на тимот.

Според информациите од шпанските медиуми, тренерот е решен да изгради цврста база на фудбалери врз кои целосно ќе се потпре во натпреварувачкиот циклус што следува. Во тие планови дефинитивно влегуваат Аурелиан Чуамени и Арда Гулер, кои треба да претставуваат носечки столбови на новата тактичка поставеност.

Интернационалците од Франција и Турција наскоро ќе стават потпис на нови долгорочни договори кои ќе имаат важност сè до 2031 година. Со овој потег Мурињо јасно става до знаење дека Чуамени и Гулер ќе добијат клучна улога меѓу стартните единаесетмина во претстојниот период.