– Мојата улога како технички министер во Владата беше спроведување на парламентарните избори. Краткиот период и големите опструкции беа пречка да се расчистат сите криминали во кои се инволвирани највисоките структури во МВР. За тоа допрва доаѓа времето. Убеден сум и верувам дека правдата ќе го стигне и него и секој кој постапувал спротивно на законот, на тој начин изневерувајќи ја довербата на граѓаните и валкајќи го угледот на државата и уништувајќи ја нејзината европерспектива. Додека јас бев министер, ниту еден од пионите на Оливер Спасовски до мене не достави информација за каков било криминал од меѓународни размери, напротив тие по негова насока правеа опструкции и вешто ги сокриваа скандалите правени од негова страна. Исто така, дополнително ниту која било друга државна институција не ме информираше за наведениот скандал. Доколку сака вината во некого да ја побара тоа нека го направи во кадрите поставени од Владата и лично од него, напиша Чулев на Фејсбук.

Тој ги повика надлежните институции да проверат кој и зошто и за какви цели издавал лажни пасоши, задскривал меѓународни скандали и надлежните организациски единици во МВР да поведат постапки за дисциплинска одговорност за сите луѓе на Оливер Спасовски кои се дел од неговите незаконски шеми и бизниси, а свесно ги кршеле законските прописи.