Во изјава за Курир, тој истакнува дека денот на албанското знаме и во претходно се прославувало во Македонија, но вакви инциденти со користење на автоматско оружје и сквернавење на македонското знаме, немало.
-Секогаш кога одредени политички субјекти се во опозиција, а ВМРО-ДПМНЕ е на власт има обиди за намерно предизвикување на меѓуетнички инциденти во обид за дестабилизација на актуелната владејачка гарнитура. Се прави вештачка политичка криза за промена на политичкиот естаблишмент, вели Чулев за Курир.
Екс министерот во врска со минатонеделните инциденти вели дека се работи за сериозни настани на кои институциите на системот им пристапија сериозно.
-Сите актери од настаните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Секое потпалување на сензитивните меѓуетнички ситуации може да дадат негативен развој на настаните. Сите безбедносни институции треба без калкулации да постапат со организација и реализација, истакнува Чулев.
Тој додава дека безбедносна состојба во Македонија секогаш е во корелација со земјите од регионот.
-Самата геополитичка поставеност е под влијание на глобални актери кои се водат од стратешки интереси. Новата влада има интензивна активност во закајнување на безбедносната рамка преку реформи на безбедносниот сектор и јакнење на партнерства. Согласно геополитичкото опкружување потребно е континуирано менаџирање на безбедносниот систем за да се обезбеди безбедна држава и сигурност на граѓаните, смета Чулев.
Според него, сите сегменти на разузнавањето и безбедносните системи треба да имаат ефикасна соработка.