-Јас сум во исчекување. Сè уште сакам да играм добро. И покрај поразот, чувствувам дека се уште имам шанси. Сакам да се подобрам и да играм подобро на следниот меч, изјави Гркот.
Во второто коло Циципас ќе игра против Каспер Руд.
-Го знам форматот и како функционира сè. Имам доволно искуство, веќе три пати играв на овој турнир. Никогаш не е досадно. Сè уште сум во исто исчекување како и првиот пат. Повеќето играчи не се запознаени со овој формат бидејќи ретко играме во групи каде сетови може да направат голема разлика. Ми се допаѓа затоа што ми дава шанси и можам да се поправам, истакна Циципас.
Завршниот АТП турнир се игра во Торино од 14 до 21 ноември.