Според резултатите, како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата „Има таков народ“ освои 24,08 проценти од гласовите, ГЕРБ-УДФ – 23,51 отсто, БСП – 13,39 отсто, „Демократска Бугарија“ – 12,64 отсто, Движење за права и слободи (ДПС) – 10,71 отсто, коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,01 проценти.
На гласањето во странство, најмногу гласови освои партијата „Има таков народ“ – со 35,64 проценти, следува „Демократска Бугарија“ со 18,64 отсто и ДПС – со 17,49 проценти.
Централната изборна комисија се очекува денеска или најдоцна утре да објави распределба на местата во 46-то Национално собрание на Бугарија.