Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерството за здравство. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со Ковид 19, 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.
Денес беа регистрирани 6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5 починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г), Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).
Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.