КАП струјата сега ја плаќа по цена од 45 евра за мегават, плус ДДВ, додека последниве месеци цената на меѓународните берзи достигна цена од 250 евра за мегават поради гасно-енергетската криза на целиот европски континент.
Електростопанство на Црна Гора (ЕПЦГ) не се подготвени да трпат загуби, бидејќи самата набавува дел од увезената струја, поради што на КАП и дала понуда за следната година од 183 евра за мегават, што КАП не може да ја издржи, јави Радио телевизија на Црна Гора.
Унипром, кој стана сопственик на КАП во август по стечајот, потврди за „Вијести“ дека нема да може да работи со новите цени на струјата и дека во тие услови ќе ја затвори компанијата, а 500 луѓе ќе останат без работа.