Педијатарот Небојпа Кавариќ вели дека до крајот на јануари во Црна Гора ќе има и до 50.000 заболени од коронавирус.
Посочува дека сите како општество придонеле бројките да бидат големи.
-И Бог се прекрстил кога видел што правиме. Мислам на сите, и она граѓаните и на оние кои носат одлуки. Сите направивме бројот на заболени да биде толкав. Едноставни проекции велат дека до крајот на јануари бројот на заболени ќе биде од 40.000 до 50.000, вели Кавариќ.
Наведува дека овие бројки ќе бидат товар за здравствениот систем, но и дека мора да има јасни и синхронизирани епидемиолошки мерки.