Во овој момент над Скопје има големи црни облаци и започнува да врне дожд.

Од УХМР најавуваат дека попладне не очекува променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Инаку големо невреме имаше и вчера во делови од нашата земја, особено од делови на Скопје.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 54 Ѓуриште, 21 Кр.Паланка, 17 Тетово, 8 Пожаране, 7 Битола, Виница, 5 Прилеп, Крушево, 4 Штип, 3 Скопје Зајчев Рид, Охрид, 2 Д.Капија, Берово, 1 Струмица, Маврово.