Владата на Црна Гора на денешната седница во својот технички мандат усвои пакет рестриктивни мерки против Русија, изјави потпретседателот и мандатар Дритан Абазовиќ.
Абазовиќ на својот Твитер профил напиша дека на седница на црногорската влада штотуку е усвоен пакет рестриктивни мерки против Русија.
Црногорската влада усвои пакет санкции против Русија во отсуство на премиерот на техничката влада Здравко Кривокапиќ, кој престојува во Атина, каде што присуствува на економскиот форум во Делфи.
Инаку, Владата на Црна Гора неколку пати се обиде да воведе санкции кон Русија, а дури на една од седниците имаше и физичка пресметка меѓу Кривокапиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ.